Општина валандово е позната по своите интересни археолошки локалитети кои придонесуваат за развој на кутлурниот туризам. На територијата на опШтина Валандово може да се видат следните археолошки локалитети:

 

„Исар“ Марвинци – археолошки локалитет („Исар-Кале“) се наоѓа во близина на с.Марвинци, 7 км југозападно од Валандово, во непосредна близина на автопатот Скопје-Гевгелија, од левата страна на реката Вардар. Во старо време на овој простор егзистирала праисториска населба, врз чии остатоци, благодарение на поволните услови и местоположбата во вардарската долина, подоцна се развила античка населба од хелинистичко време, која постепено прераснала во значаен економски, сообраќаен и културен центар на областа, во античко време нарекувана Амфакситида, протегајќи се на двете страни на реката Аксиос (Вардар).

 

Археолошки комплекс „Валандово“ за кој на просторот на денешниот град се утврдени остатоци од римската антика, која интензивно е присутна во сите три зони на археолошкиот комплекс „Валандово“.Тоа се остатоци од пеонската цивилизација, како и од елинистичкиот, римскиот и рано византискиот период, кога античко Валандово достигнало висок степен на цивилизација.

1 зона: Откриена е мозаична површина од околу 200м², во северозападниот дел на градот.

2 зона Мозаици се откриени и во месноста „Расадник“, во јужниот дел на Валандово, односно во месноста „Стакина чешма“.

3 зона Во реонот на изворот „Свети Петар и Павле“ и манастирот „Свети Ѓорги“ како и просторот околу нив.

 

„Идомена“ претставува подземен споменик на културата кој потекнува од пред римскиот период, некаде од крајот на IV или почетокот на V век п.н.е.

 

„Добер“ претставува некогашен епископски град, за кој се претпоставува дека се наоѓа во Валандовската котлина, североисточно од Идомена. Градот Добер за првпат се споменува кон крајот на V век од страна на хелинистичкиот историчар Тукидит.

 

„Некрополата кај с.Дедели“ енем сведок на древната култура кој припаѓа на т.н. рамни скелетни гробови од пеонско време, оградени со камени плочи во форма на ковчези(цисти). Некрополата кај Дедели е од голем обем и зафаќа површина од околу 1.000 м².

 

„Фосилите кај Башибос“ претставуваинтересна културна наслојка во месноста „Јолбурун“ во Прстенска река, фосили на животни од семејството наслонови т.н „мастодони“ (вид слон од пред потопот).