Одделение за внатрешна ревизија

            Одделението за внатрешна ревизија ги врши следните   работи:

– проучување и примена на Законот за јавна внатрешна контрола, подзаконските акти донесени врз основа на овој закон;

– процена на усогласеност на работењето на субјектот во согласност со законите, подзаконските, интерните акти и договори;

– темелна процена на функционирањето на системот за внатрешна контрола;

– оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на раководителот на субјектот за намалување на факторите за ризик;

– проверка на точноста, комплетноста и законитоста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи на субјектот;

– процена на економичноста, ефикасноста и ефективноста на работењето и користењето на средствата во дефинирана област на активности или програми на субјектот;

– темелна проценка на работењето на информативно технолошките системи;

– процена на соодветноста, економичноста и ефикасноста на системот за финансиско управување и контрола за утврдување, процена и управување со ризици;

– давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури на субјектот, изготвување и донесување на стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување;

– изготвување на извештаи од извршените ревизии;

– следење на спроведување на мерките преземени од раководителот на субјектот од јавниот сектор врз основа на препораките дадени во ревизорските извештаи;

– изготвување на упатство за работа и повелба за внатрешна ревизија,

– информирање на раководителот на субјектот за постоење на конфликт на интереси при извршување на ревизорската задача;

– известување до раководителот на субјектот и лицето задолжено за неправилности, за неправилности или сомнежи за измами или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка;

– изготвување на годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија;

– изготвување на план за обука на внатрешните ревизори и следење на нивна имплементација;

– подготвува квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;

– други работи од областа на внатрешната ревизија.