Одделение за урбанизам. комунални дејности и ЗЖС и локален економски развој

Одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и локален економски развој ги врши следните работи:

– просторно и урбанистичко планирање – изработка, следење, спроведување на постапка за донесување на урбанистички планови;

– изготвување на програма за изработка на урбанистички планови;

– изготвување и реализација на програма за уредување на градежно земјиште;

– извршување на работи околу издавање одобрение за градба од надлежност на општината;

– одржување на јавната чистота;

– одржување на јавното осветлување;

– изградба, одржување и заштита на локални патишта, улици, паркинг простори и други инфраструктурни објекти;

– одржување и користење на зелени површини;

– општински превоз и авто-такси превоз на патници и сообраќајна сигнализација;

– определување на имиња на улиците и другите инфраструктурни објекти;

– следење на состојбите и извршување на работите од областа на заштитата на животната средина;

– заштита на граѓаните и материјалните добра и управувањето со кризи;

– планирање на локалниот економски развој;

– изработка на стратешки документи за развој на општината;

– изготвување на проекти;

– поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемаштвото на локално ниво;

– воспоставување и развој на локална мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;

– изготвува и реализира прописи од областа на заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра, спроведување на подготовки и преземање на мерки за заштита од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и последици предизвикани од нив, врши анализа на состојбата и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;

– други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот на општината.