Одделението за финансиски прашања ги врши следните работи:

– следење, примена и проучување на законите и подзаконските акти и прописи од областа на буџетското и материјално-финансиското работење;

– изготвува Буџет и ја следи неговата реализација;

– изготвува Годишна завршна сметка за извршувањето на Буџетот на општината;

– изготвување на финансиски план за извршување на Буџетот (месечен, квартален и годишен) за општината и единките корисници на општината;

– изработува квартални финансиски извештаи за извршување на Буџетот за тековната година;

– изработува годишна програма на одделението;

– проучува и реализира прописи од областа на финансиското-материјалното, сметководственото и книговодствено работење како и други општи и поединечни акти за реализација на оваа надлежност;

– врши управување, следење и контрола на состојбата на движењето на средствата и изворите на средствата на општината утврдени со Буџетот;

– подготовка на стратешки план на општината;

– измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на општината;

– контрола на подготовката и извршувањето на Буџетот;

– спроведува ех-post финансиска контрола;

– подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;

– благајничко работење;

– врши планирање на приходи, нивно утврдување и наплата;

– изготвува прегледи, исплаќање плата и надоместоци и нивна евиденција;

– ги проучува законите и подзаконските акти и други прописи од областа на даноците и таксите и се грижи за нивна доследна примена;

– изготвува општи и поединечни акти од негова надлежност;

– врши планирање на приходите, нивно утврдување и наплата;

– води евиденција на даночни обврзници;

– врши идентификација на недвижен и подвижен имот;

– води регистар на недвижен и подвижен имот со имиња и адреси на даночните обврзници, вкупна површина и вредност;

– врши усогласување  на состојбата на регистарот на недвижности со состојбата на недвижности во геодетска управа;

– спроведува постапка за присилна наплата на локални даноци и такси;

– предлага мерки за нивно унапредување;

– регистрација на имот;

– примена на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки;

– следењето и согледувањето на потребите од набавки во општината;

– изготвува годишен план за јавни набавки и негова реализација;

– дава стручна и техничка помош на Комисијата за јавни набавки;

– води евиденција и документација во врска со јавните набавки;

– изготвува одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот од областа на трговијата, занаетчиството, туризмот и угостителството;

– врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот.