Одделение за управување со човечки ресурси

Одделението за управување со човечки ресурси ги врши следните работи:

– следење и примена на законските прописи од областа на човечките ресурси;

– подготвување на актите што се однесуваат на правата, обврските и одговорностите на вработените;

– подготвување на стручно-аналитички и други материјали во врска со човечките  ресурси;

– водење и ажурирање на електронската база на податоци за вработените;

– соработува со АДС во однос на сите прашања поврзани со Законот за државните Службеници (работни односи, обуки, оценување и сл.);

– спроведува постапка за вработување на државните службеници и на лицата без статус на државни службеници, ги пополнува и доставува ДС обрасците до Централен регистар за  државни службеници;

– подготовка на годишна програма за обука;

– утврдување на потреби за обука и доосувршување на вработените;

– координирање на процесот на оценување на државните службеници;

– изработување на извештај за оценување;

– врши координација и го подготвува планот за користење на годишните одмори;

– изработува прашања за посебниот дел од стручниот и приправничкиот испит;

– остварува редовна комуникација и соработка со другите одделенија за човечки ресурси од органите на управата со цел откривање на човечки потенцијали и дава предлог за вработување без јавен оглас од еден во друг орган;

– следење на организациската култура во органот;

– организирање на состаноци на комисијата за водење на дисциплински постапки за утврдување на дисциплинска одговорност и комисијата за утврдување на материјалната одговорност;

– врши и други работи што ќе му бидат доверени.