Започнато е хортикултурно и партерно уредување на јавната површина, која се наоѓа на аголот од улиците булевар “Првомајска” и ул. “Моша Пијаде” во Валандово.

Уредувањето, опфаќа санирање на дел од тротоарот, поставување автобуска постројка, паноа со апстрактни фотографии, клупи за седење и корпи за отпадоци. Уредувањето се врши по претходно спроведената јавна набавка на системот за јавни набавки, e-nabavki.gov.mk.