Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Валандово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 13.08.2018 година се продолжува до 23.08.2018 година, јавниот оглас од 01.08.2018, со следнава содржина:

Ј А В Е Н     О Г Л А С

 до евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Се грижиме”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Валандово.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

– долгорочно невработени лица евидентирани над 12 месеци;

– млади лица до 29 години;

– лица постари од 50 години

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– едно медицинско лице со завршено средно образование;

– еден социјален работник со завршено високо образование;

– тројца за вршење основни работи со завршено средно образование.

Лицата кои поседуваат возачка дозвола од категоријата „Б“ при поднесувањето на пријавата доставуваат и доказ за положен возачки испит.

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Валандово во периодот до 23.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Валандово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Валандово кај лицето Кристијан Петков, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Валандово  кај лицето Игор Андонов,  Центар за социјлна работа Валандово кај лицето Елка Калова.