Од денес (06.08.2018 г.) започнаа припремните градежни активности за реализација на проектот за реконструкцијата на дел од булевар на улица “Првомајска” Валандово.

Целта на овој проект е санирање на оштетениот дел од булеварот како и овозможување на поголема безбедност за учесниците во сообраќајот.

 

Средствата за реконструкцијата на булеварот се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови а, администрирани според правилата на Светска банка.