Заврши асфалтирањето и бетонирањето на деветте градски улици и сокаци, опфатени во “Годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици“.

За реализирањето на овој дел од “Годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици”, општината издвои 2.468.974 денари, сума добиена по претходно реализираната јавна набавка на системот “e-nabavki.com“.

Инаку, како дел од оваа јавна набавка е и санирањето на одредени оштетени делови од останатите улици во градот, кое е превидено за наредните денови, со што би се извршило целосно реализирање на овогодинешната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални улици и патишта, донесена од Советот на општина Валандово.