Денес (26.07.2018 год.), поради зачестените алармирања од граѓаните од с. Грчиште, за последици од врнежите на град, на ден 23.07.2018 г. (понеделник), општинската администрација до граѓаните на населеното место Грчиште, достави формулари за барања за проценка на штета од елементарни непогоди.

Земјоделците кои претрпеле штета од невремето, до 30.07.2018 г. (понеделник), во просториите на архивата на општина Валандово треба да достават:
– пополнето барање за проценка на штета
– имотен лист,
– копии од трансакциска сметка и 
– лична карта.

Согласно законот, формираната општинска Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, ќе ги разгледа барањата и ќе изврши увид на состојбите на терен.

По проценка на штетите и изготвувањето на извештајот, од страна на Комисијата, извештајот ќе биде разгледан на седница на Советот на Општина Валандово а, потоа доставен до Владата на Р. М., со цел отштета на земјоделците.