Денес (24.07.2018 г.) во просториите на општина Валандово, се одржа работна конференција на “Лoкалниот совет за превенција”.

На конференцијата свое обраќање имаа градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, началникот на СВР – Струмица, Танчо Пројковски и началникот на отсекот превенција, Хризантема Рендевска.

Целта на конференцијата е зајакнување на меѓуинституционалната соработка, обезбедување правовремени и сеопфатни информации, градење на заедничка стратегија, како и дефинирање на акционен план со цел овозможување на безбедност и сигурност на животот на граѓаните и ефективна борба против криминалот во заедницата.