Денес (23.07.2018 г.) градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова го потпишаа договорот за реализација на проектот “Поставување на урбана опрема на Кочулски водопади”.

 

За реализација на договорот, предвидени се вкупни средства во износ од 3.550.701,00 денари. Општина Валандово, како партнер во реализација на проектот ќе учествува со сопствени средства во износ од 862.661,00 денари, додека преостанатите 2.688.040,00 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, согласно одлуката донесена од Владата на Р.М. од 29.05.2018 г.

Целта на договорот, е целосно уредување на локалитетот “Кочулски водопади” и инвестирање во нова општинска локација со потенцијал за туристички развој.