Денес (19.07.2018 г.) се одржа работна средба на проектните партнери вклучени во проектот “3Еm“, на кој присуствуваа претставници од општините Серес, Радовиш, Валандово, како и партнерите од музичкиот конзерваториум од Грција и претставници од ЦЕРТ.

 

Со имплементација на проектот “3Еm“, проектните партнери би ги исполниле следниве цели:
-подобрена енергетска ефикасност на реконструираните јавни згради во општините Валандово, Радовиш, Серес и Флорина за 30%;
-намалени емисии на стакленички гасови (СО2) од реконструираните јавни згради за 5%;
-подобрување на капацитетот на општинската администрација во промовирањето на енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија;
-зголемена свест кај локалното население за придобивките од подобрувањето на енергетската ефикаснот на јавната инфраструктура преку промотивни активности; 
-замена на традиционалните необновливи и загадувачки извори на енергија со поеколошки и обновливи извори;
-подобрени услови за работа на градинките што води до создавање на нови групи за згрижување на деца.

Проектот е финансиран од ЕУ преку “ИПА фондовите”. Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.419.375.80 евра, додека вкупниот буџет на општина Валандово како партнер, изнесува 388.213.00 евра. Периодот на имплементација е дваесет месеци, започнувајќи од 22.06.2018 г., датум на потпишување на договорот.