На 02.09.2018 г. (недела), по повод, денот на завршувањето на втората светска војна, општина Валандово организира “Трка на мирот”.

Трката ќе се одвива на релација “Удово-Валандово” со должина од 12 км. На истата, ќе можат да учествуваaт учесници од 16 години нагоре, во машка и женска категорија и ќе има награди за прво (30 000 ден.), второ (20 000 ден.) и трето место (10 000 ден.) во двете категории. 

За учесници на трката ќе можат да се пријават, единствено граѓаните на општина Валандово. Пријавувањето на учесниците ќе се одвива од 23.07 до 25.08.2018 г., во просториите на општина Валандово. 

Целта на трката, е потсетување на ужасите во светот, од тој период, потенцирање на важноста на мирот, како и поттикнување на спортскиот натпревар и здравите навики кај граѓаните.