На ден 17 Јули 2018 година (Вторник) во 20,00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Валандово ќе се одржи тринаесеттата редовна седница со следниот дневен ред:

1. Предлог-Одлука за утврдување приоритет на Проектот „Изградба на пат и канал за поврзување на регионален пат Р-1105 со населено место Горна Мала, Општина Валандово“;
2. Предлог-Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата за реализација на Проектот „Изградба на пат и канал за поврзување на регионален пат Р-1105 со населено место Горна Мала, Општина Валандово“;
3. Предлог-Одлука за утврдување приоритет на Проектот “Изградба на плоштад и парк во населеното место Удово, Општина Валандово“;
4. Предлог-Одлука за давање на согласност за намената на инвестицијата за реализација на Проектот “Изградба на плоштад и парк во населеното место Удово, Општина Валандово“;
5. Предлог-Одлука за утврдување приоритет на Проектот „Изградба на дел од пат за поврзување на населеното место Удово со населба Градец, Општина Валандово“;
6. Предлог-Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата за цреализација на Проектот „ Изградба на дел од пат за поврзување на населеното место Удово со населба Градец, Општина Валандово“; 
7. Предлог-Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2018 година;
8. Предлог-Одлука за сопствено учество во реализација на Проектот “VALANDOVO TRAIL FROM NATURE TO CULTURE“ – „ Валандовска патека од природа до култура“;
9. Предлог-Одлука зa организирање на маратонска трка „Трка на мирот“;