Почнувајќи од вчера (15.07.2018 г.) па се до петок (20.07.2018 г.) во Валандово се одржува традиционалната “Ликовна колонија”, која во организација на Домот на културата “25 Мај” Валандово, бележи две децениско постоење.

На традиционалната “Ликовна колонија”, свое учество земаат реномирани ликовни уметници од Данска, Романија, Албанија, Турција, Бугарија, Србија, Шведска, Косово и Македонија.