Денес (13.07.2018 г.),согласно “Годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици“ во општина Валандово, започна асфалтирањето на деветте градски улици и сокаци, како и санирање на ударните оштетени делови од улиците во градот, опфатени во овогодинешната програма.

За реализирањето на овој дел од “Годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици”, општината ќе издвои 2.468.974 денари, сума добиена по претходно реализираната јавна набавка на системот “e-nabavki.com“ и за реализација на истата беа предвидени 40 работни денови.

 

Оваа година ќе се изградат и асфалтираат следните градски улици и сокаци:

  1. Крак на улица „Вардарска“ (Кон ООУ „Јосип Броз Тито“) – Должина 90 метри и ширина 4 метри.
  2. Крак на улица „Лазар Колишевски“ – Должина 31 метар, ширина 3,5 метри и банкина 1 метар.
  3. Крак на улица „Лазар Колишевски“ – Должина 97 метри, ширина 3,5 метри и банкина 1 метар.
  4. Крак на улица „Лазар Колишевски“ – Должина 100 метри и ширина 2,5 метри.
  5. Крак на улица „Лазар Колишевски“ – Должина 75 метри, ширина 3,5 метри и банкина 1 метар.
  6. Крак на улица „Илинденска“ – Должина 60 метри, ширина 3,5 метри и банкина 1 метар.
  7. Крак на улица „Ленинова“ – Должина 55 метри со променлива ширина.
  8. Крак на улица „Орце Николов“ – Должина 155 метри, ширина 3,0 метри и банкина 1 метар.
  9. Крак на улица „Ленинова“ – Должина 60 метри и ширина од 4 метри.