Денес (09.07.2018г.), во просториите на владата на Р. М., градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов заедно со директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, потпишаа договор за реализација на проектот ” Изградба на повеќенаменско игралиште во с. Калково”.

Дел од средствата за изградба на повеќенаменското игралиште ќе се обезбедат од буџетот на општина Валандово, додека останатите средства, во висина од 1.536.520 денари, од страна на Влада на Р. М. по претходно распишаниот јавен повик од страна на Бирото за регионален развој, за прибирање предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Според потпишаниот договор, во период од десет дена од потпишувањето на договорот треба да се започне постапка за јавна набавка за изведба на проектот, додека краен рок за завршување на изведбените работи е 30.11.2018 г.

 

Со реализација на овој проект се исполнува долгогодишната потреба и желба на граѓаните од ова населено место, за спортски терен, како и се создаваат услови за спорт, рекреација и ефектно развивање на талентот кај најмладите.