Деновиве, започна изградбата на нова детска градинка во с. Брајковци.

Градинката ќе претставува нов модерен објект, кој ќе ги исполнува сите неопходни стандарди за квалитетен образовен процес и ќе обезбеди современи услови за згрижување и престој на 40 деца.

Новата градинка ќе содржи 2 занимални, санитарни јазли, кујна, трпезарија, тоалети и други потребни простории на вкупна површина од 360.23 квадратни метри, а, за истата средства се обезбедени од МТСП.

Новата детска градинка, покрај граѓаните од с.Брајковци, предвидено е да ја користат и граѓаните од соседните населени места и со истата се овозможуваат рамноправни образовни услови и процеси за децата од „Бојмискиот реон“ со останатите деца од општината.