Денес (03.07.2018г.) градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов организираше прием на ученици од општина Трбовље, Р. Словенија, кои се во посета на нашата општина.

Посетата на учениците на општина Валандово, се остварува во периодот од 02.07.2018г. до 06.07.2018г., и преку истата тие ќе имаат можност да се запознаат со историските сегменти, природните убавини, како и предностите и посебностите на нашата општина.

   

Целта на посетата, е преку размена на млади, да се зајакне и продлабочи поврзаноста меѓу двете општини, како и да се воспостави соработка која ќе биде од заеднички интерес на двете општини и ќе опстојува уште долго.