Денес (29.06.2018г.) во просториите на општина Валандово, градоначалникот, Перо Костадинов, заедно со претставник на ДПГТ “ВАТО ДОО – Студеничани”, го потпишаа договорот за реконструкција на дел од булевар на улица “Првомајска” Валандово.

Целта на договорот е санирање на оштетениот дел од булеварот и овозможување поголема безбедност за сообраќајните учесници на истиот.

Средствата за реконструкцијата на булеварот се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови а, администрирани според правилата на Светска банка.