Денес (29.06.2018г.), заврши наградната игра “ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА”, која беше во организација на “ЕЛКОЛЕКТ ДОО” Скопје, во соработка со општина Валандово.
 
Целта на наградната игра беше подигање на јавната свест за справување со електронски отпад и отпадни батерии и акумулатори, како и превземање активен чекор кон намалување на штетното влијание на истиот врз животната средина и човековото здравје.
 

Наградната игра траеше од 01.05.2018г. до 28.06.2018г., период во кој граѓаните од општина Валандово сопствениот електронски отпад го депонираа во еко магацини, за што добиваа наградни купони.

Резултатите од наградната игра, ќе бидат објавени на интернет страната на организаторот, www.elkolekt.mk, како и на web страната на општина Валандово. Наградите ќе можат да се подигнат најдоцна до 31.07.2018 г. во просториите на општината.