Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов е во дводневна посета на општина Лазаревац, Р.Србија.

Целта на посетата е обновување на повеќе децениското пријателство меѓу двете општини, размена на знаења и искуства, како и продлабочување на заедничката соработка.

 

Инаку, општина Лазаревац е белградска општина која зазема површина од 38.351 ha, и на која живеат 62.000 жители.