Врз основа на Годишната програма на ЈП “Македонија Пат”, за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година, денес (25.06.2018г.), јавното претпријатие започна со санација и реконструкција на оштетените делови од регионалниот патен правец “Марвинци – Валандово”.

Изведбените работи кои започнаа денес се од круцијално значење за граѓаните од општина Валандово, како и за поврзувањето на граѓаните и стопанството од македонскиот југоисток со автопатот “Пријателство”.