На 22 Јуни 2018 година (Петок) се одржа дванаесеттата редовна седница на Советот на општина Валандово.
На дванаесеттата седница беше работено по следниот дневен ред:

1. Информација за состојбата со дивите депонии во Општина Валандово;
2. Предлог-Одлука за давање на користење канцеларија на Јавна Установа Центар за социјална работа Валандово;
3. Предлог-Одлука за отстапување на движни ствари на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
4. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Валандово;
5. Предлог Одлука зa одобрување средства на КУД „Гоце Делчев“ Валандово за гостување во Република Бугарија;
6. Предлог Одлука зa одобрување средства на Општинската Организација на Црвениот крст Валандово за реализирање на општински натпревар во прва помош;
7. Предлог Одлука зa одобрување на финансиска подршка на организаторот на спортската манифестација Ноќен турнир во мал фудбал-Меморијал „НАЧО 2018“ с.Пирава;
8. Предлог-Одлука за одобрување на финансиска подршка на државни натпревари на Танцовиот Спортски Клуб “Ритам Плус” Валандово;
9. Предлог-одлука за одобрување на средства на Мартин Никола Динев од с.Пирава, Валандово за учество на меѓународен натпревар Word’s Scholars Cup 2018 во Барселона, Шпанија;
10. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект-бензинска пумпа на КП 502/2 КО Раброво при донесување на Урбанистичко-Планска Документација за проширување на плански опфат;
11. Предлог-Oдлука за вклопување на бесправен објект-Полигон за обука на возачи изграден на КП 562, 891 и 892 КО Раброво;
12. Предлог-Одлука за усогласување на намената на земјиштето на кое се изградени бесправни објекти на КП 861 КО Брајковци, со намена Г4-6-дп-стоваришта при донесување на Урбанистичко-Планска Документација за проширување на плански опфат;
13. Предлог-Oдлука за формирање на Универзална единица за заштита и спасување од елементарни непогоди на територијата на општина Валандово;