Денес (22 Јуни 2018 година Петок) од 19:00 часот, ќе се одржи дванаесеттата редовна седница на Советот на општина Валандово. За работа на дванаесеттата седница е предложен следниот дневен ред:

1. Информација за состојбата со дивите депонии во Општина Валандово;
2. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект-бензинска пумпа на КП 502/2 КО Раброво при донесување на Урбанистичко-Планска Документација за проширување на плански опфат;
3. Предлог-Одлука за усогласување на намената на земјиштето на кое се изградени бесправни објекти на КП 861 КО Брајковци, со намена Г4-6-дп-стоваришта при донесување на Урбанистичко-Планска Документација за проширување на плански опфат;
4. Предлог-Одлука за отстапување на движни ствари на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
5. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Валандово;
6. Предлог Одлука зa одобрување средства на КУД „Гоце Делчев“ Валандово за гостување во Република Бугарија;
7. Предлог Одлука зa одобрување средства на Општинската Организација на Црвениот крст Валандово за реализирање на општински натпревар во прва помош;
8. Предлог Одлука зa одобрување на финансиска подршка на организаторот на спортската манифестација Ноќен турнир во мал фудбал-Меморијал „НАЧО 2018“ с.Пирава;