• Во општина Валандово е започната изградба на девет градски сокаци

Деновиве, согласно “Годишната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици” во општина Валандово се започна со изградба на деветте градски сокаци, како и санација на оштетените делови од улиците, предвидени во истата.

Изградбата на градските сокаци и санацијата на улиците се реализира согласно договорот склучен по претходно спроведената јавна набавка на единствениот систем за јавни набавки, e-nabavki.com. Завршувањето на изведбените активности е предвидено за четириесет дена од започнувањето на активностите, додека пак, цената за реализација на договорот изнесува 2 468 000 мкд. (со вклучен ддв).