Одржана прес конференција во “Клуб на пратеници” во Скопје, на тема: “Фолк Фест – 2018”

Денес (09.05.2018г.), од страна на Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, Советничката за култура во Владата на Р. Македонија, Цветанка Ласкова и претставник на програмскиот совет на овогодинешниот “Фолк Фест” Валандово, Живоин Глишиќ беше одржана прес конференција во “Клуб на пратеници” во Скопје, на тема: “Фолк Фест – 2018”

На прес конференцијата беа најавени новостите на овогодинешното издание на “Фолк Фест“ Валандово и нотирани подробностите околу двете фестивалски вечери. Фестивалот ќе се одржи на 24 и 25 мај во фестивалската сала “Јанко Узунов“, ќе се врати гласањето на присутната публика и на истиот свој настап ќе земат балканските фолк звезди, Ханка Палдум и Мерима Његомир.

Првата фестивалска вечер ќе биде од ревијален карактер и на истата ќе се изведуваат песни од најуспешните автори на тридецениското постоење на фестивалот. Во текот на ревијалната вечер ќе се изведат дванаесет композиции од авторите Миле Барбаровски, Григор Копров и Љупчо Трајковски Фис, од истакнати изведувачи од македонската фолк сцена.

Додека, втората вечер ќе биде од натпреварувачки карактер и на истата со свои композиции ќе настапат деветнаесет македонски автори. Како учесници на овогодинешниот фестивал ќе се појават: Кате и група Соната, Кате и Нели ти реков, Молика 1, Мерима Његомир, Ивана Серафимовска, Игор Ангелов, Мишко Крстевски, Дамјан Стојановски, Тихи Ампов, Сани, Благица Калева, Јовица Мицевски, М. Секуловски, Емилија Иванова, Б. Миладиновски, Благоја Грујовски, Филип Божиновски, Кирил Митовски и Далибор Ѓошиќ.

Водителски пар на овогодинешното фестивалско издание ќе бидат Ирена Спировска и Нино Величковски.