Завршена е целосната реализација на проектот “Construction of systems for prevention and early warning of flood“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Бугаријa

Во проектот како партнери се вклучени две општини во прекуграничниот регион, општина Валандово од Р. Македонија и општина Кресна од Р. Бугарија.

 

Целта на проектот беше поставување на мерни станици во двете општини, со кои активно ќе се следат природните прилики и навремено ќе се алармира на природните непогоди. Мерните станици ќе ги бележат промените на параметрите на водостојот и количеството врнежи.