Одржана работна средба на градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска

  Целта на средбата беше запознавање на министерката Царовска со состојбите во општината од сферата на социјалата и работничките права, како и пронаоѓање начин за подобрување на истите. Од страна на градоначалникот беа нотирани сите воочени предизвици и констатирани проблеми, како и сите планови и превземени чекори со цел решавање на проблемите и подобрување на состојбите.
Исто така, градоначалникот се заблагодари на Министерството за труд и социјална политика, за обезбедувањето средства за изградба на детска градинка во с.Брајковци, населено место со прогресивен наталитет и насушна потреба за истата, како и за останатите заложби и конкретни чекори на Министерството, за овозможување на поефикасно функционирање на подрачната јавна установа и општинскиот центар за социјална работа.
 
 
По средбата, градоначалникот и министерката ги посетија детската градинка “Калинка”, која во наредниот период целосно ќе се реконструира со средства од “ИПА- фондовите”, “Дневниот центар”, кој е исклучителен квалитатив во насока на подобрување на општествената инклузивност на децата со попреченост, како и “Центарот за социјална работа-Валандово”.