Средба на градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Р. Македонија, Лепа Бабиќ

 

На средбата, градоначалникот ја информираше амбасадорката за компаративните предности и долгорочните цели на општината, а, се разговараше и за цврстата поврзаност на двата народи во минатото, за можностите за продлабочување на односите во културата и економијата во иднина, како и за потенцијалното збратимување на општина Валандово со општина од Босна и Херцеговина.