Одржан “Првиот бизнис форум“ во општина Валандово

Форумот е организиран на иницијатива на градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, а на истиот присуствуваа претседателот на Советот на општина Валандово, Владимир Марков, директорот на ЈП Комунален сервис – Валандово, Владимир Павлов и претставници на општинските претпријатија со над десет вработени.

  

Основна цел на одржаниот бизнис форум беше разгледување на идеи за системско вмрежување помеѓу бизнис заедницата и локалната самоуправа, соочување со предизвиците и проблемите на локалната економија и стопанство, како и информирање за идните чекори на локалната самоуправа во поглед на локалниот економски развој.