Изложбата „АнаФранк – Историја за денес“ во Домот на културата во Валандово

Утре (27.03.2018г.) со почеток од 18:00 часот во Дом на култура „25 Мај“ ќе се одржи изложбата „АнаФранк – Историја за денес“. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 10 април 2018 година, а влезот е бесплатен.

Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели, преведени на македонски и албански јазик, кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. Во изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес. Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современото време ислучувања, целта на Anna Frank House и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато.