Прв бизнис форум во Општина Валандово

На 27.03.2018 година (вторник) во 15:00 часот во Домот на културата “25-ти Мај” ќе се одржи Првиот бизнис форум во општина Валандово во организација на локалната самоуправа на кој свое учество ќе земат сите локални компании кои имаат над 10 вработени лица.

 

На истиот ќе се дискутира за локалниот економски развој, невработеноста, утврдувањето на приоритети, како и за многу други локални предизвици и проблеми.