Директорот на францускиот институт во Скопје, Емануел Рембер во работна посета на општина Валандово

Одржана работна средба помеѓу градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, наставници и професори од општината и директорот на францускиот институт во Скопје, Емануел Рембер во просториите на СОУ “Гоце Делчев“ Валандово.

Целта на средбата беше продлабочување на соработката на културно и образовно ниво помеѓу француските и македонските граѓани преку програми кои ќе ја доближат француската култура до македонските граѓани и ќе го засилат изучувањето на францускиот јазик во училиштата од општината со што на нашите ученици би им се овозможило пристап до широкото франкофонско пространство и би имале дополнителен адут за успешна професионалната иднина.