Известување

     Здружението на граѓани „Поддршка“ од Гевгелија почнувајќи од месец Ноември 2017 година , го реализира проектот „И јас сум дел од заедницата“ кој е финансиски поддржан од Civika Mobilitas – Скопје.

   Проектот  се спроведува во  општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово. Појдовната идеја произлезе од сознанијата дека во малите населени места кои имаат помалку од 500 жители се помалку информирани за начинот на функционирањето на општините, кои се нивните ингеренции, обврски и задачи во однос на сите жители, како да ги остварат своите права и на кој начин.

     Главната цел на проектот е подигање на свеста за активно учество во креирање на политиките на локално ниво во руралните населени места  како и интензивирање на соработката со локалната самоуправа и жителите од руралните средини во наведените четири општини со интерактивна и одговорна соработка на локалната самоуправа. Клучните активност е организирање и реализација на 30 отворени  дискусии со локалното население во 30 рурални населени места под 500 жители за надлежностите и ингеренциите на советот на општините и градоначалникот,  начините и формите на нивното учество во донесување одлуки за решавање на локалните проблеми.

      Најпрво беа остварени средби со сите градоначалници во општините и од нив е побарано да номинираат  по еден вработен во локалната самоуправа кој ќе биде логистичка поддршка во проектот и ќе допринесе нашите трибини во населените места успешно се реализираат. Поголемиот дел од овие трибини се реализирани, повеќе населени места се посетени и  при тоа  им е  дистрибуирана  посебна брошура за информирање на населението која е печатена на македонски и на турски јазик.

      На крајот од проектот ќе биде изработен извештај од проектот со акцент на заклучоците и постигнатите резултати после извршената евалуација на проектните активности во 100 примероци и овие брошури ќе бидат дистрибуирани на сите советници во наведените општини со цел овие заклучоци, забелешки и предлози бидат разгледани од страна  на локалната самоуправа и Советите на општините заради осознавање на фактичката состојба во овие населени места и преземање на соодветни мерки и активности.

 

Во прилог фотографии од досегашните реализирани активности, односно остварените средби и спроведени едукативни работилници со локалното население од споменатите општини: