Проект: Техничка вода

На почетокот на месец Август ООУ „Страшо Пинџур„ Јосифово со цел за да го намали недостигот на вода посебно во летните периоди спроведе проект за ископување на бунар за  користење на техничка вода .Истата ќе се користи за одржување на зелените површини во училиштето на ПОУДГ „Калинка „ – Јосифово. 

 


В
ода која ќе биде користена за наводнување на паркот и зеленилото во училиштето и за санитарниот чвор во училиштето.Со овој проект училиштето смета дека на овој начин ќе се намали потрошувачката на чиста преработена вода и сметките за потрошена вода ќе се намалат.

Проект: Компјутер за секое дете

Владата на Република Македонија заради зголемување на ефикасноста на образовниот процес го реализира проектот Компјутер за секое дете. Станува збор за најголемата инвестиција во образованието во изминатите 17 години.  Со овој проект се обезбедени 17.818 персонални компјутери, 98.710 ЛЦД-монитори, 98.710 тастатури и глувчиња и 80.892 тин-клиенти за основните и средните училишта во Македонија.

Целта на овој проект е зголемување на степенот на користење на компјутери и интернет со што ќе се подобрат информатичко-технолошките вештини на учениците, како и на нивните професори. Овој проект им овозможува на учениците да ја совладаат наставната материја во средина и начин кој одговара на стандардите на современото информатичко општество. Целта е олеснување на можноста за побрз пристап до образовните дигитални содржини и информациите што се наоѓаат на глобалната интернет мрежа. Проектот постојано ќе се надоградува, со цел учениците и наставните програми да бидат во тек со новите технологии.

 
Во општина Валандово редовно функционираат  2 основни училишта: ООУ
Јосип Броз Тито-Валандово со 1 централно и 6 подрачни училишта, и ООУ Страшо  Пинџур-Јосифово  со 1 централно и 4 подрачни училишта. На територијата на општината континуирано функционира и 1 средно училиште С.О.У „Гоце Делчев“ -Валандово.

Вкупниот број на ученици кои ја користат компјутерската опрема во училиштата во Општина Валандово изнесува 1601 ученик.

Продолжување на конкурсот за избор на композиции на фестивалот на новосоздадени македонски песни “ФОЛК-ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО 2014 година

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА КОМПОЗИЦИИ ЗА ФЕСТИВАЛОТ НА НОВОСОЗДАДЕНИ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ “ФОЛК-ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО 2014 ГОДИНА. 

Апликациите се поднесуваат најкасно до 11.06.2014 година до 14,00 часот во архивата на Општината Валандово 

 

Седница на Советот на Фолк-Фест Валандово

dsc_0697     Денес 30.03.2013 година (Сабота), во просториите на општина ВаландовоДенес 30.03.2013 година (Сабота), во просториите на општина Валандово се одржа седница на Советот на Фолк-Фест Валандово на која беше разговарано околу подготовските за реализацијата на Фолк-Фест Валандово 2013. Советот предводен од претседателот проф. Јове Кекеновски заедно со членовите си ги зададоа првите работни задачи се со цел успешна реализација како и предвремено надминување на сите пречки и проблеми на овогодинешното издание на првиот и најстар фестивал во нашата земја на новосоздадена македонска песна чии почетоци датираат уште од далечната 1985 година. И оваа година главен покровител на Фолк-Фест Валандово е Градоначалникот на општина Валандово.

Страница 36 од 36

Линкови

Go to top