Подрачното основно општинско училиште во село Пирава со нова термо фасада

Како дел од GEF проектот за енергетска ефикасност во образованието, со посредство на Министерството за Економија при Владaта на Република Македонија, Светска Банка и општина Валандово заврши поставувањето на термо фасада на Подрачното основно општинско училиште “Гоце Делчев” во село Пирава.

 

 Со реализацијата на овој проект се подобрува изолацијата на училиштето и се очекува драстично да се намалат средствата кои се трошат за затоплување на истото. Како дел од овој проект при крај е поставување на иста фасада на ООУ “Ј.Б.Тито“ Валандово и поставување нан нови алуминиумски прозорци во СОУ “Гоце Делчев“  Валандово.

Се враќа сјајот на “Фолк Фест” Валандово

 

“Фолк Фест” Валандово, е прв фестивал на новото творештво во Македонија и пошироко на Балканот. Тој е основоположник на новосоздадената македонска песна, кој мошне успешно ја остварува својатаисториска улога во континуитет цели 29 години.

  Јубилејното 30-то издание на првиот и најреномиран фестивал на македонската новосоздадена песна „Фолк фест Валандово“годинава ќе се одржува првпат наесен и во целосно реновирана сала во Домот на културата. Триесет нови композиции ќе бидат изведени во две полуфинални вечери на 16-ти и 17 -ти октомври, а 20 од нив ќе се пласираат во финалето на 18 -ти октомври.

   Новина е што композициите се избрани од селекциска комисија на конкурс и првпат ќе бидат изведени во живо со Народниот оркестар на Македонската радио-телевизија.

  Оваа година покрај Општината Валандово и Министерстото за култура е покровител на фестивалот, со цел да се стимулира продукција на нови песни и да се подобри квалитетот, за што беше донесен и Закон за поддршка на музичката продукција.

   На овој фестивал ќе бидат доделени:

·         прва награда од 20.000 евра,

·         втора од 10.000 евра и

·          трета од 5.000 евра,

·         како и награди за најдобар сценски настап, за најдобар дебитант и за најзаслужни за промоција на фестивалот.

  Министерството за култура, исто така, инвестираше 15 милиони денари од вкупно 24 милиони за целосна реконструкција на салата, во која интензивно се работи и треба да биде готова до октомври. Салата ќе има 700 седишта и ложи и сцена по светски стандарди. Сцената за самиот фестивал, пак, ќе биде со современи перформанси, видео ефекти и ново озвучување.

   Директорот и уметничкиот директор на Фолк-фест Валандово, Младен Костадинов и Орце Гелевски, истакнаа дека прават се во организацискиот и во музичкиот дел за да го вратат сјајот на фестивалот.

   Стручна комисија оваа година од пристигнати околу 60 композции избра 15, а останатите 15 се нарачани од Советот на фестивалот. Годинава ќе има познати изведувачи и дебитанти, а за нивниот влез во финалето гледачите ќе гласаат преку телевоутинг. Ќе се пренесува директно на МРТ и на сателитскиот канал. За јубилејот ќе има и ревијален дел со хитовите од минатите изданија, за што се поканети и изведувачите од соседни земји кои имале песна-хит на Фолк фест Валандово.

  

 

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛАТА ПИРАВА, ЈОСИФОВО И УДОВО

На ден 22.08.2014 година (петок) е асфалтирана улицата која води кон центарот на село Пирава. Истовремено е отпочнато тампонирање на улици во населените места Јосифово и Удово.

 

 

Градежните работи се извршени од страна на градежната фирма „Жикол„. За оваа намена беа издвоени средства од Буџетот на Општина Валандово во износ од 5.656.397 денари.

Асфалтирањето на улиците во населените места се врши во согласност со годишната програма. Ваквата практика на обезбедување средства од Буџетот на Општина Валандово за асфалтирање улици на територијата на Општината ќе продолжи и во иднина.

 

Исар Марвинци

ИСАР Марвинци во Валандовската котлина

                Локалитетот Исар се наоѓа над селото Марвинци, од неговата југозападна страна. Ридот е достапен од јужната страна преку широко седло. Уште од времето на раната антика оттука поминувал патот кој од акрополата се спуштал до нивото на коритото на Вардар и продолжувал кон Грчиште, односно Глоска Чука. Тука на местото познато како сепарација Вардар има цврсто каменито дно, кое овозможувало полесно поминување на другата страна на реката. Другите страни на исарот се стрмни, околност која давала сигурност и заштита на населбата што тука настанала и одржала над 1500 години. Исарот е истурен пункт среде котлината каде дуваат силни ветришта. Акрополата што се наоѓа на највисоката кота од 131 метар надморска височина морала да биде добро заштитена од атмосферските прилики на регионот. Најстарите траги од населбински слоеви се исклучително впечатливи. Куќите за живеење се лоцирани на позиции потпрени до карпите, при што на поедини места карпите се засекувани до одредена длабочина за да се постигне стабилност и заштита на стамбените и економски објекти.

                Ваква слика даваат остатоците од најстарата населба која се простира под акрополата, а особено на сртот кој се протега југоисточно од подоцнежниот римски каструм. Конфигурацијата на теренот каде се распослала населбата на исарот ја условила формата и типот на населбата. Тоа е населба од разбиен тип, со објекти лоцирани на места погодни за егзистенција. Како најкпактна се јавува раноантичката акропола со објекти кои припаѓале на станбени градби. Идните пообемни ископувања секако ке овозможат да се согледа поцелосно урбанистичката слика на населбата. Некрополите од било која временска епоха се распослани на огромен простор насекаде околу градот, допрени до квартовите од просторот за живеење. Од акрополата патот се спушта преку јужната акропола и водел кон подножјето на Исарот, појава вообичаена во антиката. Плодната околина секако погодно влијаела врз развитокот на населбата и развивањето на популација со животни продукти, особено со житните производи. Дека овој прехранбен производ бил од особена важност за жителите се потврдува со изразито присуство на питуси за складирање на жита откриени насекаде во населбата, констатирани во сите хоризонти на живеење, од рано железно време преку раноантичкиот период, времето на хеленистичкиот период, особено во доцната антика, кога оваа појава е највпечатлива. Населбата на Исарот немала недостиг на вода. Непосредната близина на реката Вардар секако била од примарно значење вода за пиење е користена од изворите кај Јанова чешма уште од најрани времиња. Во рано римскиот период изграден е целосен систем на водовод. Во секој случај, на највисоките тераси на Исарот непосредно под акрополата, откриени се системи за вода кои пикажуваат присуство на големи количини : изградени канали на водовод, градски терми со целосен систем за присусто на вода во објекти од ваков вид.

                Најстарата информација која се однесува на Исар Марвинци и неговата околина потекнува од времето на Првата светска војна, кога на локалитетот се откриени и во меѓувреме од страна на В.Пингел и Драгендорф се објавени неколку предмети  од локалитетите кај Дедели и Марвинци. Локалитетот од дамнешни времиња служал како мајдан од каде месното население се снабдувало со камен, при што многу погодни блокови се вградувани во селските куќи.

                Во 1984 година на Исар Марвинци беше откриен стадион - патоказ - правоаголна плоча од зелен камен - песочник на која од обете страни е испишан кус теткст на грчки јазик. Неговата содржина е - "Од Добер до Идомене (има) 20 стадија " и " Од Идомене до Добер (има) 20 стадија " е информацијата наменета за патникот кој излегува и патникот кој влегува во градот. Кога се знае дека вредноста на стадијот изнесува 164-185 метри во денешни мерки тоа значи дека растојанието помеѓу Добер и Идомене изнесува околу 3 ипол километри. Стадионот патоказ датира од крајот на 3. или почетокот на 2.век пр.н.е., односно во времето на кралот Филип V.

                Печка за керамика која по рушењето не е расчистувана. нејзината содржина од десетина големи стомни е сочувана до денес што може да видите на првата слика подолу a на сликата до неа од просторот каде се протега Римската некропола, откриени се остатоци од куќи со питуси за чување на житната храна сочувани in situ.


                Лисичи Дол , некропола со најголема концентрација од железно време на локалитетот.

               

Страница 34 од 36

Линкови

Go to top