Проект " Е-парк " - Валандово

    Општина Валандово започна со реализација на проектот Е-парк кој е предвиден во програмата на градоначалникот на Општина Валандово и истиот се очекува да биде реализиран во текот на оваа недела. Првата фаза на проектот Е-парк заврши и во неа се детерминираа посебни зони на бесплатен интернет во Градскиот парк.

    За реализација на овие бесплатни зони општината ќе постави Wi-Fi уред за интернет конекција . Целта на овој проект е да се обезбеди слободна интернет зона (Wi-Fi) каде што граѓаните на Општина Валандово слободно и бесплатно ќе можат да сурфат, слободно да ги следат тековните информации и збиднувања во Општината.

   Воведувањето на бесплатниот безжичен интернет во рамки на општината е чекор напред кон целосна модернизација на истата и ја потврдува отвореноста кон новите технологии со достапноста на безжичниот интернет како за жителите, така и за посетителите на општината.

Реконструкција на салата " Фолк - Фест " -Валандово

   Во тек е реконструкцијата на Домот на културата 25 мај. Согласно, проектот полуотворената фестивалска сцена ќе биде целосно затворена , со што Општина Валандово ќе добие комплетно поинаква сала и простор, кој освен за престојниот фестивал на македонската новосоздадена песна Фолк Фест – Валандово, ќе може да се користи и за сите останати културни настани во текот на целата година.

   Реализацијата на целиот проект чини околу 20 милиони денари, од кои најголемиот дел, односно 15 милиони денари, ги обезбедува Министерството за култура, а останатиот дел локалната самоуправа на Општина Валандово.

  

   Реконструкцијата на салата се реализира по светски стандарди,  така што е предвидено комплетниот таван којшто е со површина од 1500 метри квадратни, ќе биде со плексигласни куполи кои ќе бидат комплетно осветлени. Исто така, планирани се и нови 700 седишта и ложи по светски стандарди, како и целосна реконструкција на сите ѕидови и санитарни јазли. Сцената за самиот фестивал пак ќе биде со современи перформанси, видео ефекти и ново озвучување.

    Со реализацијата на проектот салата ќе добие еден нов светски лик во црно-бела боја и ќе биде од огромно значење за реализација на валандовскиот фестивал и за сите останати манифестации од областа на културата што се случуваат во овој град.

Реконструкција на водоводот Јосифово-Удово


Како резултат на поплавите од 2013 година кои ја зафатија територијата на Општина Валандово дел од водоводот на населените места Јосифово-Удово беше оштетен во должина од 2 километри.

Поради настанатите оштетувања мораше да се изврши реконструкција на оштетениот дел од водоводната мрежа. За таа цел беа одвоени средства од Буџетот на Општина Валандово во висина од 2.000.000 денари.

Со решавањето на овој проблем населението во населените места Јосифово и Удово ќе добие подобро и поквалитетно водоснабдување.

     Општина Валандово и во иднина ќе се фокусира на подобрување на водоснабдувањето на сите граѓани во општината.

Комисијата за заразни болести пред почетокот на учебната година донесе превентивни мерки против жолтицата

 Во пресрет на стартот на учебната година со цел да се запре ширењето на вирусната жолтица Kомисијата за заразни болестидонесе одлука за засилени мерки за подобрување на хигиената во училиштата.

   Комисијата за заразни болести покрај засилените мерки, донесе и одлука одделенските наставници кои и самите после часовите ќе бидат воспитувани од претставници на Центарот за јавно здравје, на првиот училишен час, децата до 4 одделение да ги научат на миење на рацете и на други хигиенски навики, како и да одржат предавање за личната хигиена, за начинот на пренесување на заразната жолтица, како и за начинот на превенција од истата, бидејќи најсилна одбрана од вирусот е одржување на личната и колективната хигиена.

   Како дел од мерките во училиштата за што надлежен ќе биде здравствениот и санитарен инспекторат, се и обуката на хигиеничарите за тоа како да ја одржуваат хигиената во училниците и вецињата, колку пати да ги чистат и дезинфицираат, да има редовно сапун и тоалетна хартија, а пред секој влез на школите да има крпа натопена со дезинфекционо средство.

   Оваа болест најмасовно се шири во Скопје и Штип, каде минатата недела беше прогласена за епидемија. Бројката на заболени во Скопје се искачина на 83, а во Штип на 36. Исто така, заболени од овој вирус има и во Куманово и Гостивар.

Овие засилени мерки кои ги донесе Kомисијата за заразни болести се со цел превенција од жолтицата која масовно се шири низ градовите ќе бидат почитувани и спроведени и во училиштата во Општина Валандово.

Страница 33 од 37

Линкови

Go to top