Креативна работилница на учениците во ООУ “Јосип Броз Тито”

     На 4 септември учениците од 5б одделение во училиштето Јосип броз Тито Валандово под раководство на одделенскиот наставник Офелија Ѓорѓиева во соработка со еколошкото друштво ЕД Планетум од Струмица ја реализираа својата идеја за заштеда на електрична енергија преку учество на целото одделение во креативна работилница со наслов Влези-Вклучи, Излези-Исклучи. Оваа работилница е само една од повеќето кои ќе следуваат во наредниот период и истите ке имаат за цел да ја подигнат свеста кај учениците за зачувавање на животната средина преку заштеда на електрична енергија.

 

Проект " Индустриска зона " - Валандово

 

Индустриската зона Раброво се наоѓа на 2 километри оддалеченост од градот Валандово и има идеална местоположба за одржлив економски развој. Наменета е за лесна и незагадувачка индустрија, парцелизирана на 48 парцели на територија од 17 хектари. Комплетното инфраструктурно уредување на индустриската зона Рабровосе реализира со средствата од Буџетот на Општина Валандово. Советот на општина Валандово донесе  Одлука за утврдување на погодностите за инвестирање во индустриската зона на општина Валаново”, со што се поттикнува отварње на нови работни места. Инвеститорите кои ке градат објекти во индустриската зона “Раброво во општина Валандово, согласно, урбанистичкиот план надвор од населено место во зависност од бројот на лицата кои ќе ги вработат, се ослободуваат од плаќање на надомест за уредување на градежното земјиште.

За вработување 5-20 лица – 25%

За вработување 21-50 лица – 50%

За вработување 50-100 лица – 75%

За вработување над 100 лица – 100%

                Токму ваквата визија на поволности на Општината Валандово, привлече огромен интерес кај стопанствениците во  регионот и странство, при тоа откупувајќи ги сите 48 градежни парцели.

                      

Регистрирани фирми кои работат во индустриската зона “Раброво” се :  Анел, Дока Текстил, Димис, Дена Продукт, Оскар-М, ТОП – Солар, Тотал Солар, Сеча. Дел од овие фирми се  занимаваат со производство на текстилни производи и истите се исклучиво извозно ориентирани. Исто така предвидено е производство на соларна енергија и за истата цел приватни инвеститори имаат инсталирано соларни панели со капацитет за производство на 2 мегавати електрична енергија на годишно ниво.

                Општина Валандово е во преговори со фирмата Mamboод Италија која се занимава со монтажа на социјални куќи ( socialhousing) .

                Слободни парцели за нови инвеститори во моментот на зоната нема, тоа е индикатор за поволните услови кои ги нуди општината, меѓутоа сите идни инвеститори секако се добредојдени и за таа цел локалната самоуправа на Општина Валандово се зафати со изработка на урбанистичи план за нова индустриска зона која ке биде лоцирана во близина на селото Јосифово и истата има одлична инфраструктурна поврзаност бидејќи ќе граничи со меѓународниот автопат  (Е-75 ) . Парцелата предвидува 7 парцели за изградба на стопански објекти.

 

Проект " Јас волонтирам, а ти "

                            

Волонтерство претставува активност од интерес на Република Македонија која придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на луѓето во општествениот живот,како и развој на хумано и рамноправно демократско општество.

        Под волонтерство се подразбира доброволно давање на лични улсуги,знаења и вештини/или вршење на други активности во корист на други лица,органи,организации и други институции.

       Целта на овој проект е да се промовира волонтерската работа меѓу младите во општина Валандово преку низа активности со кои младите ќе ѓи увидат предностите на волонтирањето.

     Главната цел на волонтерството е да овозможи неформално образование на младите луѓе во различни области, на локално и интернационално ниво, да се промовира идејата за волонтерство и да се поврзат младите луѓе без оглед на нивната националност, религија, политички, економски или социјален статус. Вложуваме напори за развој на мултикултурно граѓанско општество,да се зајакне постоечката демократска структура, за подобрување на афирмацијата кај младите луѓе преку нивните индивидуални способности и вештини, и да се поврзат младите се со цел нивна поголема соработка. 

       Преку овој проект во општина Валандово се ангажирани 8 волонтери кои ќе работат на програмата и на проектите кои се предвидени во општина Валандово како и искористување на европските претпристапни фондови.

         Наша задача како регионална канцеларија е да помагаме и да ја координираме имплементацијата на сите регионални активности на територијата на општина Валандово.

         Тимот на волонтери во општина Валандово го сочинуваат: дипломирани правници, социолог,  економист, етнолог,  археолог и дипломиран менаџер по туризам.

           Во иднина се очекува вклучување и на граѓаните со давање на нивни  предлог идеи кои би помогнале во подобрувањето на животот во општина Валандово.  

Рудник Казандол

   На само пет километри пред влезот во Валандово се одвојува кривулест пат, кој води кон селото Kазандол, сместено на едно од голите ритчиња што се наоѓаaт на надморска висина од 650 метри. Питомо село, кое во суштина многу се разликува од селата во плодната валандовска долина. Овде, речиси единствена дејност на луѓето е сточарството.

   Kазандол е инаку една од локациите за кои неодамна Министерството за економија додели концесии за детални геолошки истражувања за металични минерални суровини - бакар, злато и сребро, односно молибден. Kонцесионер е фирмата со странски капитал „Сардич-МЦ“, регистрирана во Скопје. Освен оваа локација, истата фирма во електронската аукција по јавниот повик доби концесија за истражувања и на локалитетите Плавуш, кој се наоѓа на територијата на општините Валандово и Струмица, и Петрошница во Старо Нагоричане.

   По спроведените детални геолошки истражувања Министерството за економија истакна дека на таа локација има соодветни условии економска оправданост за постапката да продолжи понатаму. Па така се додели концесијата за експлоатација, на начин што идниот концесионер е должен во рок од две години да изгради постројка за експлоатација на катoден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 отсто од експлоатираната руда.

   За концесиски надоместок за овие три локации концесионерот ќе треба да уплати средства од околу 114.000 евра, од кои 78 отсто се приход на општините на чија територија е локалитетот, а остатокот на буџетот на Република Македонија. Односно, ако дојде и до експлоатација на руда, односно отворање рудник, се очекува да бидат инвестирани околу 1,4 милиони евра.

   Во Kазандол претходните години геолошки истражувања вршеше и фирмата „Еуромакс ресурсис“, која има концесија за геолошки истражувања на локалитетот Иловица, каде што има утврдено резерви на руда со големи концентрации на бакар и злато и за каде има добиено и концесија за експлоатација, така што веќе од 2017 година таму планира да отвори и рудник за кој се претпоставува дека ќе биде едно од најголемите наоѓалишта на Балканот. На Валандовската локација тие имаа утврдено постоење на присуство на бакарна руда и тоа повеќе на локацијата Kазандол-Север, која, според нивни согледувања, давала простор за отворање рудник за бакар од помал обем. Но тоа за нив не било од економски интерес.

Страница 32 од 37

Линкови

Go to top