Детска градинка „Калинка “ Валандово

               Оваа година во буџетот на локалната самоуправа на општина Валандово планирани се 2.000.000 денари за доградба на занимална во село Јосифово, со цел да се задоволат потребите на граѓаните од село Јосифово и Удово. Во предучилишните установи во Валандово, с. Пирава и с. Јосифово воведено е однапред плаќање на престојот во градинките и тоа секој 5 – ти во месецот за да може да се подмири храната на децата. Проектот народна кујна постои и успешно се релизира веќе 7 години по ред .

            Детската градинка „Калинка“во Валандово има аплицирано за промена на кровот- кој е од азбесна површина, санитарните чворови и поголемиот дел од столаријата. Меѓутоа констатирано е дека треба да се промени и таванската изолација и прозорците.

            Со целосната реконстукција ќе се подобрат условите за престој на децата во јавната општинска установа.

СООПШТЕНИЕ

   ООУ „ Страшо Пинџур “ – Јосифово, на ден 16.09.14 распиша тендер за реконструкција на стариот дел од училиштето, согласно програмата на Градоначалникот обезбедена од општина Валандово.

Спроведени обуки на Територијалната противпожарна единица на Општина Валандово

  

   Територијалната противпожарна единица на Општина Валандово во соработка  со Англиската фондација Operation Florian, во рамките на Меморандумот за разбирање, јакнење на капацитетите и развој на проекти ги спроведе следниве обуки: 

1. обука за користење на апаратите за дишење и

2. обука за користење на опремата за спасување при сообраќајните несреќи.

    Обуките успешно беа спроведени во М.Д. Страиште - Валандово од страна на 6 пожарникари и беа вклучени 2-4 возила со гуми, скала и амортизери. Една недела по обуките беше споведена и вежба која успешно беше реализирана од страна на вработените во Територијалната противпожарна единица на Општина Валандово. 

Освен обуките кои беа предвидени во Меморандумот, Територијалната противпожарна единица на Општина Валандово успешно спроведе и обука за гасење на пожар во руралните средини, а за периодот кој следи предвидена е и обука за прва помош,  во времетраење од 3 дена, која треба да се реализира кон крајот на годината.

   За спроведување на овие обуки Англиската фондација Operation Florian обезбеди соодветно сместување, храна и вода, 4 инструктори и постоечка потребна оперативна опрема, а Општина Валандово обезбеди 3 стари возила за спасување при сообраќајни несреќи, проектор и потребно гориво за сите апарати.

 Сите обуки кои досега се спроведени од страна на Територијалната противпожарна единица се сертифицирани и успешно реализирани.

ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ПООУ„НАМ’К КЕМАЛ„-ЧАЛАКЛИ

Подрачното Основно Општинско училиште „Нам’к Кемал„ во населеното место Чалакли доби повеќенаменско игралиште. Изградени се 2 игралишта и тоа: 1 игралиште за кошарка и 1 игралиште за ракомет. Инвеститор е Агенцијата за млади и спорт како дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 100 вакви повеќенаменски игралишта. Изведувач е градежната фирма „Жикол„ .

Целта е да се овозможат услови за спортување на младите, со што ќе се влијае во правилниот развој и правилно насочување на младите во животот.

Со изградбата на повеќенаменски игралишта и останатите капитални проекти за спорт  се потврдува заложбата за градење општество базирано на знаење и јакнење на духот и физичкото здравје кај младата популација.

Страница 31 од 37

Линкови

Go to top