Проект: Компјутер за секое дете

Владата на Република Македонија заради зголемување на ефикасноста на образовниот процес го реализира проектот Компјутер за секое дете. Станува збор за најголемата инвестиција во образованието во изминатите 17 години.  Со овој проект се обезбедени 17.818 персонални компјутери, 98.710 ЛЦД-монитори, 98.710 тастатури и глувчиња и 80.892 тин-клиенти за основните и средните училишта во Македонија.

Целта на овој проект е зголемување на степенот на користење на компјутери и интернет со што ќе се подобрат информатичко-технолошките вештини на учениците, како и на нивните професори. Овој проект им овозможува на учениците да ја совладаат наставната материја во средина и начин кој одговара на стандардите на современото информатичко општество. Целта е олеснување на можноста за побрз пристап до образовните дигитални содржини и информациите што се наоѓаат на глобалната интернет мрежа. Проектот постојано ќе се надоградува, со цел учениците и наставните програми да бидат во тек со новите технологии.

 
Во општина Валандово редовно функционираат  2 основни училишта: ООУ
Јосип Броз Тито-Валандово со 1 централно и 6 подрачни училишта, и ООУ Страшо  Пинџур-Јосифово  со 1 централно и 4 подрачни училишта. На територијата на општината континуирано функционира и 1 средно училиште С.О.У „Гоце Делчев“ -Валандово.

Вкупниот број на ученици кои ја користат компјутерската опрема во училиштата во Општина Валандово изнесува 1601 ученик.

Последно освежено на Вторник, 26 Август 2014 06:30

Линкови

Go to top