Завршен концерт на Хорот и оркестарот при ООУ “Страшо Пинџур“ Јосифово

     На ден 30.06.2017 година во ООУ “Страшо Пинџур“ Јосифово се одржа завршен концерт на хорот и оркестарот на училиштето. Исто такабеше одиграна и театарска претстава “Среќниот принц“ од Оскар Вајлд во изведба на ученици и наставници од училиштето. На учениците им беа поделени свидетелствата за завршената учебна година, а на членовите на оркестарот од страна на Градоначалникот Николче Чурлиновски им беа доделени признанија за освоеното второ место на државниот натпревар на хорови и оркестри. Целата церемонија бече посветена на неодамна починатата колешка-наставничка Софија Левечарова.

Линкови

Go to top