СОУ Гоце Делчев го одбележа патрониот празник на училиштето

     СОУ „Гоце Делчев" Валандово и оваа година го одбележа патрониот празник на училиштето и 114 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

     Одбележувањето на патронатот започна со положување свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во училишниот двор од страна на делегација од училиштето.

     Програмата за одбележување на патронот беше составена од културно-уметнички активности во кои учество земаа КУД “Младост“ Јосифово, КУД “Бахар“ Чалакли како и ученици од училиштето. Исто така програмата беше составена и од спортски активности во кои се одигра традиционалниот натпревар во фудбал помеѓу учениците од земјоделската и гимнзиската насока од училиштето.

 

  

 

 

Линкови

Go to top