ЕДНО КАПАЧЕ - ЕДНА НАДЕЖ

“Едно капаче – Една надеж” е хуманитарно еколошка акција чија главна и единствена цел е да се собираат што е можно повеќе пластични капачиња.

Капачињата се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која ја донираме на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.

Акцијата е започната од страна на Македонска Медицинска

Студентска Асоцијација – ММСА.

Ве молиме сите кои сте заинтересирани да ни помогнете при реализација на оваа хуманитарна Еко Кампања земете учество во собирање пластични капачиња.

Собирните пунктови ќе има поставено на повеќе локации низ сите населени места во општината. Кампањата ќе започне на 21.03.2017 год. (Вторник), денот на екологијата со поставување пунктови   во училиштата, градинките и пред локалната самоуправа во општина Валандово.Акцијата за собирање капачиња ќе трае до 21.04.2017 год.

Едно капаче има просечна маса од 1,5 грама. За да ја постигнеме количината од 250 килограми потребни се 160 000 капачиња. Според бројот на жители во нашата општина 20 капачиња од секој граѓанин би значело брзо достигнување на нашата цел.

Едно Капаче – Една Надеж!

 

Заедно можеме повеќе!

Линкови

Go to top