Започнува имплементацијата на проектот "Свеста за своето Валандово" кој го реализираат Општина Валандово и општинските образовни институции во партнерство со Здружението Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ од Скопје.

Целта на проектот е преку едукативни работилници, семинари и посети на локациите од историска важност за нашата општина, младите од општината да ја развијат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство. Учесниците во проектот, ќе изготват и промотивен материјал со цел поефективно претставување на валандовската вредност и посебност пред останатите и ќе допринесат во дополнителна едукација за сопственото културно наследство кај најмладите од општина Валандово. Проектот "Свеста за своето Валандово" е поддржан од Министерството за култура, како дел од поддршката на проекти од национален интерес во културата.

 

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР