Општина Валандово во соработка со Институтот за европски образовни, социо- културни и економски политики "Европа за тебе" - Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија, започнува со реализација на проектот "Свеста за своето Валандово".

Целта на проектот, е граѓаните од најмлади години да се запознаат со археолошкото, културно и историско наследство кое се наоѓа во непосредна близина, да ги дознаат сопствените корени, традиции и културни вредности, како и преку разни активности да се подигне свеста за нивно промовирање.

Проектот ќе ги опфати сите училишта во општина Валандово и ќе создаде услови за запознавање и искористување на културното наследство, како основа за туристичка промоција на Валандово и бенефит на граѓаните од истата.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР