Заврши јавната набавка која ја објави центарот за развој на Југоисточниот плански регион за избор на изведувач на проектот “Валандовска патека од природа до култура“.

Проектот "Валандовска патека од природа до култура", во себе вклучува проширување и реконструкција на постоечкиот пат од Валандово до манастирот Св. Ѓорѓи, инсталирање на осветлување, формирање на паркинг зони, поставување на павилјони со различни визури, изградба на трим патека, изградба на забавен парк за деца, како и партерно и хортикултурно уредување на просторот околу манастирот.

Со реализацијата на овој проект, граѓаните од градот добиваат нова зона за забава и рекреација и дополнителен простор за физичка активност и здрави животни навики.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР