На ден (02.05.2019 година), на стадионот на АМС Валандово, со почеток во 10:00 часот, се одржа "Општинскиот атлетски крос 2019", во кој свое учество зедоа учениците од општинските училишта и децата од детската градинка "Калинка" Валандово.

Општинскиот атлетскиот крос, во општина Валандово е традиционален настан со вклученост на сите возрасни категории од општинските подрачни училишта, со цел промоција на спортот, другарувањето и здравите животни навики кај најмладите во нашата општина.

На Општински атлетски крос, учесниците се натпреваруваа во следниве категории:

1. I и II одделение машки 300м
2. I и II одделение женски 300м
3. III и IV одделение машки 500м
4. III и IV одделение женски 400м
5. V и VI одделение машки 600м
6. V и VI одделение женски 500м
7. III и IV година машки 1500м
8. I,II,III и IV година женски 1000м
9. I и II година машки 1200м
10. VII и VIII одделение машки 800м
11. VII и VIII одделение женски 600м
12. IX одделение машки 1000м
13. IX одделение женски 800м
14. Градинка 20м

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР