Состанок на Општински Кризен Штаб


Состојбата со пандемијата со Covid - 19 во општина Валандово е непроменета и алармантна.

Поради лошата епидемиолошка слика во општината, вечерва повторно заседаваше Општинскиот кризен штаб, каде беа донесени следните заклучоци:

🔴 Максимална институционална вклученост на сите чинители во борбата против Covid - 19 и дословно спроведување на пропишаните протоколи и мерки од страна на надлежните институции;
🔴 Мапирање на потенцијални кластери за ширење на коронавирусот во општина Валандово;
🔴 Зачестени контроли на МВР и надлежните инспекторати низ општината;
🔴 Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции и крајно одговорен пристап со цел заштита на сопственото и здравјето на останатите;
🔴 Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата, приватните претпријатија и јавните институции;
🔴 ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис - Валандово да продолжат со редовна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината;

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР